Доцнат вакцините во Европа, страв од нови затворања во земјите од ЕУ
Foto

Доцнат вакцините во Европа, страв од нови затворања во земјите од ЕУ

„АстраЗенека“ во кавга со Европската унија. По критиките од Унијата се налути и компанијата.

Откако во медимуте протече информацијата дека Астра зенека го откажала планираниот состанокот со претставниците на ЕУ дипломатски извори во Брисел за дел од медиумите тврдат дека претставник на компанијата сепак ќе присуствува на средбата.

Првичен проблем беше доцнењето на вакцините, но кавгата се продлабочи по вчерашното интервју на извршниот директор на Астра Зенека, Паскал Сориот, кој открил доверливи одредби од договорот.

Според првиот човек на Астра Зенека, компанијата нема договорна обврска, но се согласила да даде сѐ од себе и да ја снабди ЕУ со својата вакцина. По неговата изјава, сега ЕУ бара Астра Зенека да го објави договорот за снабдување на Унијата со вакцина против ковид-19, изјави европски официјален претставник за дел од светските медиуми.

Но истовремено се бараат и одговори за тоа што се случува со производството и испораката на вакцините.

Со испораки доцнат и Фајзер и Модерна, што е и причина за прекинот на вакцинација во дел од европските земји. Властите во Еворпа најавуваат и нови затворања и поригорозни рестриктивни мерки. Иако вакцината против Ковид-19 е светло на крајот од тунелот – ситуацијата со пандемијата и натаму е загрижувачка.

Во Франција раст на бројот на новозаболени, се разгледува опцијата за трето национално затворање. Построг корона локдаун најави и германската канцеларка Ангела Меркел. Бртинската влада пак го скори планот за задолжителен карантин за патници кои ќе дојдат од високоризични земји. Во Исланд денеска пак почна издавањето на пасош за вакцинација.

Во меѓувреме во светот се очекува уште една нова вакцина против коронавирусот. Американската компанијата „Џонсон&Џонсон“ следната недела ќе ја претстави својата вакцина, а веќе следниот месец може да биде и одобрена за употреба.

0 Коментари

Остави коментари