Добар натпревар 40 минути, а потоа - пораз и од Белорусија!
Foto

Добар натпревар 40 минути, а потоа - пораз и од Белорусија!

Македонија го заврши Светското првенство во Египет со петтиот пораз во шест натпревари. За крај на главната фаза, загубивме од Белорусија со 26-30.

Во многу сегменти, македонските ракометари денеска го одиграа најдобриот свој натпревар на овој Мундијал, за што говори и осетливо пониската разлика со која загубивме, во споредба со дебаклите од Египет, Шведска, Русија... Почнавме добро, за промена, па дури и поведовме со два разлика, 5-3 во 12. минута. Нападот делуваше течно, функционираа акциите преку пивот, Кире Лазаров предводеше и Македонија беше постојано во водство, иако со по еден разлика. Одбраната беше агресивна, агилна, добро го затвори белорускиот пивот Каралек, единствено левиот бек Кулеш успешно минуваше или од далечина или еден на еден.

На пауза заминавме со 14-14, а веќе на почетокот од второто полувреме, Белорусите најавија дека не им одговара ваквиот развој.

0 Коментари

Остави коментари