До 31 јули Грција ја спушти рампата за Македонија
Foto

До 31 јули Грција ја спушти рампата за Македонија

Грција го продолжи до 31 јули привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од земјава.

Ограничувањата, како што објавуваат грчките медиуми, се од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Северна Македонија, на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила. И Бугарија го забрани влезот за сите од Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора.

0 Коментари

Остави коментари