ДО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОМОШ ЗА КУПУВАЊЕ НОВ ДОМ ЗА МЛАДИ
Foto

ДО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОМОШ ЗА КУПУВАЊЕ НОВ ДОМ ЗА МЛАДИ

 Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку проектот „Купи куќа, купи стан“, што воедно претставува и најголема субвенција. Каматната стапка на проектот е намалена на 2,9 отсто за првите три години и на 3,9 отсто за четвртата и петтата година. Само по овој основ граѓаните заштедуваат 1.300 евра на камати.

Ова го истакна денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, посетувајќи ги изложувачите на саемот, што се одржува од 6 до 8 декември во ТЦ „Сити мол“ во Скопје.

Концептот, како што информира министерката, е разработен со повеќе модели за купување на стан или куќа, за млади, но и за повозрасни граѓани за навистина да има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.

–Секој заслужува да има сопствен дом, а преку проектот „Купи куќа, купи стан“ и субвенционирање на станбениот кредит, државата дава поддршка тогаш кога е најпотребно – на почетокот, рече министерката.

0 Коментари

Остави коментари