ДО 100% ФИНАНСИРАЊЕ НА ВАШИОТ НОВ ДОМ СО УНИБАНКА
Foto

ДО 100% ФИНАНСИРАЊЕ НА ВАШИОТ НОВ ДОМ СО УНИБАНКА

УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите и барањата на своите клиенти, креираше понуда за нов поволен станбен кредит кој дава можност и за финансирање до 100% од вредноста на понудениот недвижен имот како обезбедување.

Продуктот е наменет за клиенти кои за прв пат го решаваат станбеното прашање, сакаат да купат поголем стан или куќа, но и за сите оние кои веќе имаат станбени кредити во други банки и сакаат да извршат рефинансирање. Посебна предност кај овој продукт е што клиентот добива можност и за ризико животно осигурување, што претставува заштита за самиот клиент, но и за целото негово семејство, со која во случај на непосакуван настан на осигуреното лице, фамилијата не ги наследува кредитните обврски по основ на овој кредит. 

Станбениот кредит е со фиксна каматна стапка од 2,95% за првите 10 години и период на отплата до 30 години. Овие карактеристики на клиентот му овозможуваат сигурност во планирањето на месечниот буџет, односно ануитет непроменлив за подолг временски период, кој зафаќа помал дел од месечните примања. Дополнителни предности кои ги нуди банката се кредитна картичка со одобрен лимит до 60.000 денари,  како и пакет услуги кој овозможува нов и современ начин на живеење.

„Постојано работиме на збогатување на палетата од кредитни продукти и услуги, а со посебно внимание ги следиме и ги приспособуваме постојните продукти тргнувајќи од моменталната побарувачка и финансиските можности на граѓаните. Сега, со можност и за финансирање до 100% сметаме дека уште повеќе ќе го доближиме овој продукт до нашите клиенти”, изјави Катица Кузманоска, директор на Дирекцијата Банкарство на население во УНИБанка.

0 Коментари

Остави коментари