ДО 1 ЈУЛИ ГРЦИЈА РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО „НОВАТА НОРМАЛНОСТ“
Foto

ДО 1 ЈУЛИ ГРЦИЈА РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО „НОВАТА НОРМАЛНОСТ“

Туристи од 29 земји , меѓу кои и од Македонија, од 15 јуни ќе може да патуваат во Грција, информираше министерот за туризам Хари Теохарис.

Од МНР потврдуваат дека граѓаните на Македонија не селективно ќе може да патуваат во Грција.

За информацијата објавена во дел од македонските медиуми, во кoи наводно е цитирано соопштение од грчкото МНР дека  „до 1 јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, преку официјалниот „Твитер“ профил реагираше дека станува збор за лажна вест.

За влез во една од најпосакуваните туристички дестинации нема да има има задолжителни тестирања и карантин, но ќе се вршат тестирања по случаен избор.

Паралелно со отворањето на границите, ќе се отворат и сезонските туристички објекти, со што ќе биде означен почетокот на туристичката сезона.Истовремено ќе се отворат и музеите, фитнес центрите, забавните паркови, спа центрите, сауните и бањите.

Две седмици потоа ќе се отворат камповите за деца, а од 1 јули дозволено е организирање конференции и саеми, претстави, концерти и уметнички настани.

Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“.

Од сабота 6 јуни, се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите. На организираните плажи ќе биде дозволено да се постават маси, а гостите ќе може да уживаат во музика и алкохолни пијалаци. Дискотеките, ноќни клубови и коцкарниците ќе се отворат на 8ми јуни под истите правила кои важат за внатрешните делови на угостителските објекти.

Зелено светло за отворање не добија кината на затворено, казината, објектите за храна во училиштата, центрите за заштита на стари лица.

Со завршувањето на фазите на рестартирање на 1 јули, се очекува 670.000 вработени во Грција да се вратат на своите работни места а 249.000 бизниси повторно да бидат отворени.

0 Коментари

Остави коментари