Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Foto

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.962.407 лица. Од нив починале 363.899, а оздравеле 2.628.359.

-Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се пет нови позитивни случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.909 лица, а починаа 175 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти само еден нов случај на Ковид-19, од направени 2.363 анализи, а бројот на заразени лица се зголеми на 942 од почетокот на епидемијата.

– Во Албанија од направените 276 тестирања на сомнителни случаи на Ковид-19 во последното деноноќие позитивен резултат е добиен кај 23 лица,од нив 12 во Тирана. Вкупниот број на заразени со коронависут во земјата достигна 1.099. Во изминатото деноноќие излекувани се 28 лица или вкупно 851,односно 77 отсто од вкупно заболените. Од појавата на пандемијата до сега починати се 33 лица. Моментно активни на болеста се 215,половина од нив во Тирана, од кои 23 се хорпитализирани во  Инфективната клиника, од нив петмина на интензивна терапија. Досега направени се вкупно 15.595 тестови,поголемиот број или 14.269 се молекуларни и 1.326 серолошки тестови.

-Во последните 24 часа во Србија едно лице починало од последиците од коронавирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 242.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 5.215 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 54. 6.524 пациенти биле излекувани.

– Смртните случаи од новиот коронавирус во Италија се зголемија за 87 денеска во однос на вчерашните 70, а бројот на нови случаи за еден ден е намален од 593 на 516. Вкупниот број на смртни случаи во земјата од ширењето на вирусот на нејзина територија на 21 февруари сега е 33.229. Според овој индикатор, Италија е на третото место во светот по САД и Велика Британија. Потврдените случаи на инфекција во Италија се 232.284, што ја рангира земјата шесто место во светот по САД, Бразил, Русија, Шпанија и Велика Британија. Бројот на регистрирани како заразени се намали од 47.986 вчера на 46.175 денеска. Досега има 475 лица на интензивна нега, споредено со вчерашните 489 лица.

-Триста дваесет и четири лица починале во Велика Британија од новиот коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти министерот за финансии Риши Сунак. Вкупниот број на смртни случаи во Велика Британија сега е 38.1161. Земјата е на второ место по САД. Досега има над 48.000 починати во Велика Британија од Ковид-19. Во изминатите 24 часа, во државата се регистрирани 2.093 лица заразени со коронавирусот. Така, вкупниот број потврдени случаи во Велика Британија достигна 271.220 Според тој индикатор, земјата е на петто место по САД, Бразил, Русија и Шпанија.

0 Коментари

Остави коментари