ДКСК: ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ПЕТ ГОДИНИ ПОТРОШИЛЕ РЕЧИСИ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ
Foto

ДКСК: ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ПЕТ ГОДИНИ ПОТРОШИЛЕ РЕЧИСИ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

Дваесет и тројца пратеници имале сопствени станови или на име на блиските во Скопје, но добивале и пари за патни трошоци во последните четири години. Ова е само една од привилегиите на народните избраници кои се платени од државната каса. Доколку станот кој го поседуваат е помал од 80 метри квадратни, имаат можност да добијат пари за кирија. Ова е нелогично и за антикорупционерите.

Сепак се почесто пратениците одлучуваат да плаќаат и кирија, а интересот за да патуваат и добиваат патни трошоци е намален, откако со закон се намали износот кој го добиваат по оваа ставка.

Од 2015-та година биле потрошени над 770 илјади евра и таа сума се намалува, а во 2019 е преполовена и изнесува 390 илјади евра. Вкупно за 4 години за патни трошоци на пратениците се потрошени речиси 3 милиони евра. За измама со патните трошоци СЈО води истрага против поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева. Од мај 2013-та до септември Бонева земала 23 илјади евра за патни трошоци. Препознатлива по вртоглавите суми од актуелната власт е Мира Стојчевска која за 9 месеци доби речиси 12 илјади евра за патни трошоци за релација Делево-Скопје. Меѓу пратениците кои се на врвот по патни трошоци е Алија Камберовски од ПЕИ, кој во 2017-та земал над 12 илјади евра за да доаѓа на работа од Дебар.

0 Коментари

Остави коментари