ДКСК: Поднесена иницијативата до ОЈО за кривично гонење на поранешен министер за култура заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Државната комисија за спречување на корупција до основното јавно обвинителство поднесе иницијативата за поведување постапка против поранешен министер за култура поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Според Антикорупциска поранешниот министер постапувал спротивно на законот за буџети и законот за извршување на буџети за 2020 година со тоа што во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за буџетот за 2020 година на министерството за култура од над 33 милиони денари. Во тој период министер за култура беше Хисни Исмаили.

Тој неодамна за тв 24 изјави дека државниот буџет воопшто не бил оштетен бидејќи средствата не биле префрлени и дека тој не бил единствен што се потпишал на договорите. Целата на проектите била да се помогне на културните работници - ни коментираше Исеини.