ДКСК ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА СЛУЧАИТЕ СО РАШКОВСКИ И СО НАБАВКАТА НА АВИОБИЛЕТИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ
Foto

ДКСК ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА СЛУЧАИТЕ СО РАШКОВСКИ И СО НАБАВКАТА НА АВИОБИЛЕТИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

Заев не гледа вина кај Рашковски и е сигурен дека и истрагата ќе го покажа тоа. Вака премиерот по втор пат пресече дека не размислува да го разреши Генералниот секретар и по втората бомба од разговорот со италијанската компанија „Леонардо“.

Тој денеска повтори дека Рашковски постапувал по неговите насоки. И уште еднаш напомена дека ако се нафатиле да бидат функционери, не значи дека прифатиле да бидат боксерска вреќа.

„Јас знам како сум дал насоки и апсолутно не можете да обвинувате некој дека разговара таму за мито и за корупција апсолутно не е тоа така. Значи не ја гледам вината, јас ако ја видам вината реков санкцијата на политичка одговорност е едноставна санкција и никој не е венчан за својата позиција. И апсолутно немам никаква дилема. Но ако сме се нафатиле да водиме јавни функции не значи дека треба да прифатиме да бидеме боксерска вреќа“.- рече Заев.

Во втората снимка порталот „Економски лидер“ тврдеше дека Рашковски бил свесен дека не смее да разговара со италијаните бидејќи договорот не бил потпишан. А опозициската ВМРО-ДПМНЕ секој ден бара Заев да го разреши Рашковски, а обвинителството да одреди мерка притвор за да не избега и да не влијае на сведоци за како што велат 7 милионската аванта со компанијата „Леонардо“, која Рашковски ја договарал по насоки на Заев.

Освен Антикорупциска која отвори предмет засега никој друг не ги истражува двете бомби за Рашковски и компанијата „Леонардо“ за набавката на радарскиот систем за Македонска навигација. Но и истрагата на антикорупционерите сеуште не започнала, оти уште чекаат документи.

„Ние испративме барање за документација до М-НАВ, од аспект на тоа се што е потребно во врска со тендерот. Нели изборот се одвивал во 2016, одлуката потпишана во 2018. да ги испитаме сите околности зошто има таков временски расчекор. Но побаравме и од Генералниот Секретар да ни даде написмено во кое својство во кое својство се нашол рашковски нели во оној снимен разговор. Додека не ги добиеме тие податоиц не можеме да започнеме со нашата обработка и истражување. “- вели Ивановска.

Обвинителството пак се уште будно ги следи случувањата и ќе постапи ако утврди елементи на сторено кривично дело. И по втората бомба Рашковски остана на ставот дека за оставка не размислува. А покрај заканите за тужби од него, и од М-НАВ се заканија со тужби и барање за надомест на штета кон сите кои го нарушиле и ќе го нарушат угледот на компанијата.

Инаку во јавноста како неетичко беше оценето и однесувањето на Рашковски кон новинарите, но и навредите кон одредени држави. Скандалот со бомбите најде место и во италијаниските медиуми, а Заев најави дека лично ќе се извини на Италија за навредите од Рашковски.

0 Коментари

Остави коментари