ДКСК го оспори пред Уставен суд Законот за коридорите 8 и 10Д
Foto

ДКСК го оспори пред Уставен суд Законот за коридорите 8 и 10Д

Законот со кој американско - турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ по принципот клуч на рака го доби бизнисот за да ги гради автопатиштата на коридорите 8 и 10, а кој го спорат антикорупционерите, сега е во рацете на уставните судии. 

Антиркорупционерите денеска ја поднесоа иницијативата до Устанивот суд за оценување на уставноста на овој закон. Сметаат дека целиот процес на изборот на овој конзорицум е сомнителен а законот остава простор за корупција и суспендирање на правниот систем на државата.

„Ако вие анулирате закон за јавни набавки, закони од областа на работното законодавство и директно се спогодувате, нас како јавност никој не не убеди како е одбран партнерот, оттаму апсолутно имате сомневање дека тука постои ризик од корупција, зошто како и само тој партнер е одбран, во нашата земја ништо друго нема да важи и ќе важи само договоорт со партнерот кој што е избран како таков потоа имате ситуација дека оваа фирма ќе изведува и нема да одговара за постапките многу ситуации во кои немате одоговор како јавност дека тоа ќе биде направено како што треба Дополнително - зошто на ваков начин се носи законот, зошто по скратена постпака се носи ваков закон, кој што е обемен и сложен, многу сериозно е прашањето кое се третира со овој закон.“ - вели Софка Дојчиновска - Државна комисија за спречување на корупција.

Дополнително антикорупционерите бараат законот да се стави во мирување се до конечното изјаснување на уставните судии. 

Од уставниот суд за ТВ 24 пак објануваат дека судот прво треба да одлучи дали се исполнети условите за поведување на постапката, а потоа велат може да се определи и стопирање на примената на законот до носењето на конечната одлука на судиите. 

„Според нашиот деловник и уставот не се изрекува времена мерка со која се стопира извршување на законот, додека уставниот суд не се произнесе со конректна одлука дали се исполнети условите за поднесување на постапката. Во оваа фаза се уште е рано да се произнесеме за запирање на извршувањето на законот, се до донесувањето на одлуката.“ - вели Осман Кадриу - уставен судија.

Првиот човек на Министерството за транспорт, Благој Бочварски, не одговори на нашето прашање кој е „планот Б“, како што изјави самиот, ако законот падне на Уставен ниту пак одговори зошто се игнорираат укажувањата на антикорупциската комисија. 

За Владата законот е транспарентно донесен и преку овој модел, без тендери, велат дека  патиштата ќе се градат побрзо и поефикасно.. 

„Стариот модел на тендерирање одзема премногу време низ целиот процес, од проектирање до изградба. Граѓаните и државата не треба да чекаат. Праксата покажува дека има голема неусогласеност во изградбата на крупните капитални проекти, што доведува до пролонгирање на роковите за изградба и зголемување на цената на чинење на проектот. Овој модел (проектирање и изградба) е нов концепт кој сметаме дека ќе даде поефикасни и побрзи резултати во изградба на Пан Европските коридори.“ - велат од Владата.

Пратениците овој Закон го донесоа во скратена постапка. Законот е  конкретна реализација на  Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово - Гостивар, Струга - Ќафасан, како и Прилеп - Битола.

Познавачите порачуваат дека во вакви случаи каде постои висок ризик од корупција – се очекува внимателност од Уставниот суд.   

Од антикорупциска веќе потсетија дека на ваков начин, со директни преговори се градеа и на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид,  за кои подоцна на површина испливаа бројни проблеми, а случајот заврши и на суд како предмет „Тракеторија“.  

0 Коментари

Остави коментари