Дива депонија на неколку километри од центарот на Скопје гори со недели
Foto

Дива депонија на неколку километри од центарот на Скопје гори со недели

Дивата депонија која се наоѓа на потегот на населбата Шуто Оризари и Визбегово, покрај преземените активности од надлежните инситуции и понатаму преставува еколошка бомба за животната средина. Од Инситутото за јавно здравје по направенииот увид констатираат низа нерегуларности, но и дека постој ризик од комнтаминациоја на земјиштето и евентуални подземни води од кои најблиску е резервоарот на градскот водовот на Скопје. Во непосредна близина на депонијата екипаа на тв 24 заблежа и повеќе обработливи земјоделски површини на житни култури. 

Жителите од наслебата Визбегово кој најмногу ги чусвтуваат последиците врз здравјето, велат дека депонијата повеќе од 30 дена континуирано гори и дека во зависнот од правецот на ветровите чадот, мироисот и гасовите го загрозуваат и здравјето на граѓаните од наслебите на Бутел, Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров.

Жителите оввинуваат дека до сега е преземена само една краткрорана акција за расчистување на депонијата. Од градот Скопје посчуваат дека во насока на спречување на создавање на нови депонии, засилена е координацијата помеѓу општините Шуто Оризари и Бутел за зајакнување на присуството на општинските инспектори на терен, бидејќи е во нивна надлежност. Од општианта Шуто Оризиари истакнаа дека отткако Јавното претпријатие Комунална хигена не раководи со депонијата, општината презема марки за нејзино расчистување.

„Патот кој што води до претоварната станица на потегот Визбегово се користи за одлагање на градежен шут што дополнително го отежнува процесот на расчистување. За таа цел интензивирани се и теренските активности на комуналните инспектори кои имаат за задача да ги идентификуваат лицата кои незаконски одлагаат смет на јавна површина и парично да ги казнуваат.“ - велат од општина Шуто Оризари.

Еколошките организации обвинуваат дека надлежните инстиуции не реагираат соодветно и дека покрај постоечките депонии, секојдневно се создаваат нови кои се наоѓаат и непосредно во центарот на градот.

0 Коментари

Остави коментари