Директорската „метла“ се уште се договара, ќе оди ли Ковачевски во ЕЛЕМ?
Foto

Директорската „метла“ се уште се договара, ќе оди ли Ковачевски во ЕЛЕМ?

Васко Ковачевски, диркторот на РЕК Битола е најсериоозниот кандидат за нов директор на ЕЛЕМ, брифираат за тв 24 партиски извори. Истите извори велат дека се уште не е пресечено и дека главно дилемите се дали Ковачавски е потревен во РЕК Битола, каде како што велат се почнати крупни проекти и истовремено, и на терен во Битола, или пак ќе се направи проценка дека е неопходен во централата во Скопје, со што поред истите информации во првата фотелја на РЕК Битола би тревало да седне актуелниот заменик и нов локален шеф на СДСМ, Златко Ќурчиевски.

Освен ЕЛЕМ, како фиксни за смена се и Мепсо, Фонд за иновации, но за нив не се споменува кој би можело да ги наследи Сашо Василевски и Јован Деспотовски. Како што објави тв 24, директорската метла според инфорамциите на висок владин функционер ќе биде одложена за следниот вторник.

Според инфорамции од истиот функционер директроските смени се уште не договорени со коалицискиот партнер ДУИ, но и Заев порачал дека му е потребно дополнително време за смените во сопствениот двор, како и консилатции и со коалициските партнери до неговата коалиција. Токму на тема директорска метла, според неофицијалните информации генералниот секретар на Љупчо Николовски денеска се среќава со секретарите на помалите коалициски партнери од коалицијата на СДСМ. Од друга старна, дека Ахмети се уште не пресекол и официјално порачуваат од ДУИ.

„Ние правиме анализа на работата на секој од директорите, а ДУИ ќе започне длабок процес на реформи со цел да создаде простор за нови генерации да бидат вклучени во донесувањето одлуки и управување. Овој процес сè уште не е завршен. Ние дебатираме внатрешно и со коалициониот партнер за да ги пополниме овие земји. Во моментов не постои конкретна работа.“ - рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Како што веќе објави тв 24 за смена во во списокот на Ахмети за смени се очекува да се најдат Железници, Македонија пат, како и Агенцијата за странски инвестиции.Околу евентуална ротација на директорското место во Бирото на јавни набавки нема договор.

Од ДУИ не очекуваат нова средба меѓу двајцата коалициски партнери – велат најверојатно договорот ќе се постигне телефонски. Заев операцијата „метла“ ја најави по резултатското фијаско на првиот круг од претседателските избори, најавувајќи сериозна реконструкција на неговиот кабинет. По повеќе одлагања, таа се сведе на разрешување на Драган Тевдовски, Хазби Лика и Сујхел Фазлиу, ротација на Садула Дураку и нови министри во испразнети фотелји во култура, земјоделство. Дел од аналитичарите и јавноста реконструкцијата ја оквалификува како шминка.

0 Коментари

Остави коментари