Директорот Асани денеска е повикан во Влада
Foto

Директорот Асани денеска е повикан во Влада

Поведена е постапка до основното јавно обвинителство за случајот со директорот на струшката болница Мухамед Асани, откако медиумите објавија за скандалот со неговата нерегистрирана гинеколошка ординација, каде со години извршувал прегледи без дозвола.

Откако вчера државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде забрана за работа на ординацијата во неговиот дом, владата денеска го повикала на разговор.

Вицепремиерот Николовски не кажува дали ќе биде разрешен од фунцкцијата директор на болницата. Вели ќе го почекаат стручниот извештај од надзорот.

0 Коментари

Остави коментари