Димитров: Ширењето на помошта и соработката, да биде побрзо од ширењето на пандемијата
Foto

Димитров: Ширењето на помошта и соработката, да биде побрзо од ширењето на пандемијата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја претставуваше Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Состанокот, заради рестрикциите со пандемијата COVID-19, се одржа преку видео конференција.

Како што соопшти МНР, тој изрази благодарност до земјите членки за финализирањето на процесот на пристапување, овозможувајќи и’ на нашата земја по две-децениски подготовки, минатата недела и официјално да стане 30-та членка на Алијансата.  

Димитров го истакна значењето на членството на Северна Македонија во НАТО како заеднички успех во заложбите за регионалната и европската стабилност и заедничкото справување со глобалните предизвици.

Осврнувајќи се на главната тема на состанокот – пандемијата на вирусот COVID-19, министерот Димитров ги истакна мерките на Владата за справување со овој глобален предизвик, при што ја подвлече потребата од придонес на Алијансата по ова прашање во засегнатите земји членки. Потенцирајќи го принципот на солидарност врз кој се темели НАТО, заедничка беше констатацијата на министрите за потребата од преземање на итна и координирана акција за справување со кризата и ублажување на нејзините последици. 

На состанокот беа разгледани и прашања во врска со Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, како и за состојбите во Сирија. Притоа, министерот Димитров ја реафирмираше подготвеноста на нашата земја за натамошен придонес во приоритетните активности на НАТО.

0 Коментари

Остави коментари