Димитров: Очекуваме позитивен извештај од ЕК и одлука за преговори до крај на годината
Foto

Димитров: Очекуваме позитивен извештај од ЕК и одлука за преговори до крај на годината

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на министерскиот состанок на земјите од вишеградската група и земјите од Западен Балкан во Братислава истакнал дека сеочекува позитивен извештај од Европската комисија и политичка одлука за отворање на преговорите до крајот на годинава.

Реафирмирана била посветеноста на вишеградската група за натамошна поддршка на евроатлантската интеграција на земјите од регионот и во пресрет на објавувањето на годинашните извештаи на европската комисија, а заеднички била констатирана потребата европската унија соодветно да го препознае напредокот што регионот и особено Република Северна Македонија, го постигна во изминатиот период.

0 Коментари

Остави коментари