Димитров: Финансирањето на фондот за медиуми ќе го платат граѓаните
Foto

Димитров: Финансирањето на фондот за медиуми ќе го платат граѓаните

А дали е на повидок нов спор меѓу кабелските оператори, владата и телевизиите. Владата планира во таканаречениот фонд за медиуми да се слеваат пари од кабелските оператори, открива првиот човек на Телекабел Роберт Димитров..

Тој ова го обелодени на фејсбук, објаснувајќи дека доколку владата опстои на една таква уредба на крајот цената ќе ја платат граѓаните.

„Добивме информација дека уредбата ќе се однесува на формирање некаков фонд за помош на медиумите, а тој фонд ќе го полнат сите оператори кои ќе бидат задолжени да плаќаат 1% од бруто приходот. Новата давачка ќе продуцира покачување на месечната претплата, а во ова време на криза не е во ред да се покачи месечната претплата заради тоа што на некој му текнало дека граѓаните треба да ги финансираат Сител, Канал5, Алфа, Телма и Алсат, прашува Димитров.

Тој додава дека кабелските оператори остро се спротивставуваат на оваа одлука.

„Доколку се донесе ваква уредба и ни се наметне нова обврска, 5-те национални телевизии ќе бидат исклучени од Телекабел. Ние ги запознавме и странските фактори во државата и домашните и се уште имаме некоја надеж дека разумот ќе победи“, вели Димитров.

0 Коментари

Остави коментари