Димитров – Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно
Foto

Димитров – Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

Грција дава целосна и силна поддршка за прилучувањето на Северна Македонија во ЕУ и се залага за целосна имплементација на Договорот од Преспа и зајакнување на билатералната соработка, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на зедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Радосен сум што сум тука, во прва посета на соседна Северна Македонија, која наскоро ќе стане партнер на Грција во НАТО и кандидат за ЕУ. Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција, рече Дендиас.

Оцени дека има драматично подобрување на билатералната соработката, која и натаму се развива со фокус на економијата, воената соработка, инвестициите, инфраструктурата…

Билатерланите односи, посочи Дендиас, поминуваат преку Преспанскиот договор. Има непредок во неговата имплементација, но има и доцнења во некои сегменти кои треба да се поправат.

– Грција го поддржува влезот на Северна Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа е заедничка цел. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имлементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка, рече Дендиас.

Министерот Димитров нагласи дека Северна Македонија смета на грчката поддршка на патот кон ЕУ.

– Грција е наш стратегиски партнер, сосед и пријател. Преспаснкиот договор отвори голем потенцијал за соработка што треба да се искористи, рече Димитров.

Посочи дека се очекува наскоро да се одржи првата седница на комисијата за трговски марки, како и состанок на еспертите за отворање на новите гранични премини меѓу двете земји.

На новинарско прашање дали е можно оспорување на Договорот од Преспа во двете земји, Дендиас рече дека ставот на актуелната грчка Влада е дека тоа е завршена работа и треба целосно да се импементира. – Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно, додаде ефот на грчката дипломатија.

И Димитров вели дека договорот е веќе дел од нашиот правен систем и мора да се почитува.

 

Грчкиот министер за надворешни работи кој престојува во еднодневна официјална посета на земјава, попладнево ќе се сретне и со претсдеателот Стево Пандаровски и со премиерот Зоран Заев.

0 Коментари

Остави коментари