Дика: Не знам каде завршија парите од Меѓународниот Сојуз
Foto

Дика: Не знам каде завршија парите од Меѓународниот Сојуз

Претседателката на Собранието на Меѓународниот Сојуз Агапи Дика скоро два часа даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

На новинарско прашање дали знае дека Боки 13 работел незаконски Агапи само кратко одговори „не“, не коментираше ниту зошто била повикана во Обвинителството, туку кусо порача дека истрагата ќе покаже за што станува збор.

Неофицијално таа е повикана во Обвинителството бидејќи како Претседател на Собранието на Меѓународниот Сојуз била потписник на договорот со битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски за изградба на старечки домови.

0 Коментари

Остави коментари