Дибала реши да остане во Јувентус
Foto

Дибала реши да остане во Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала нема да оди во ПСЖ. Тој престана да контактира со спортскиот директор на парижаните Леонардо, а нивниот последен разговор се случи пред две недели, пренесува „Газета дело спорт“.

Аргентинецот реши да не го напушти тимот и да се бори за место во првиот тим на италијанскиот шампион.

Минатата сезона, 25-годишниот Дибала одигра 42 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и направи шест асистенции. Неговиот договор со италијанскиот клуб ќе важи до 30 јуни 2022 година.

0 Коментари

Остави коментари