Деветмина демократски конгресмени го донесоа обвинението против Трамп во Сенатот
Foto

Деветмина демократски конгресмени го донесоа обвинението против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес официјално до Сенатот го достави обвинението против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се терети за поттикнување на бунт по упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил на почетокот на годината.

Девет демократи од Претставничкиот дом, кои ќе служат како обвинители, синоќа, еден час по полноќ го доставија обвинението до сенатот. 

„Во однос на импичментот, сите сакаме да го оставиме ова лошо поглавје од американската историја зад нас. Но тоа нема да му помогне на никому ако само го турнеме под тепихот. Единствен начин е некој да преземе одговорност. Тоа е и целта на ова судење.“ - изјави изјава Чак Шумер.

За Трамп да биде осуден од Сенатот потребно е двотретинско мнозинство. Сепак, со оглед на тоа дека телото е политички целосно поделено, со 50 републиканци и 50 демократи, за поранешниот претседател да биде прогласен за виновен против него ќе треба да гласаат 17 членови на републиканската партија..

Американскиот претседател Џо Бајден пак се сомнева во успехот на импичментот. Во интервју за Си-Ен-Ен, Бајден истакна дека го поддржува импичментот против Трамп, но верува дека обидот за импичмент нема да добие доволно гласови во Сенатот.

Судскиот процес пред Сенатот треба да почне на 8 февруари, откако демократите и републиканците се согласија да го одложат, за да им се даде време на членовите на Претставничкиот дом и на тимот за одбрана на Трамп да се подготват.

Доколку биде осуден, ќе се одржи посебно гласање на кое е потребно просто мнозинство за да му се забрани на Трамп во иднина повторно да може се кандидира за некоја јавна функција на федерално ниво.

0 Коментари

Остави коментари