Дескоска: На вистински пат сме за решавање на законот за СЈО
Foto

Дескоска: На вистински пат сме за решавање на законот за СЈО

Министерката за правда Рената Дескоска смета дека е добро што ЕУ нотира дека има волја, спремен е закон, но се уште не е донесен и оти сме на вистинскиот пат кон решавањето на прашањето за СЈО.

– Законот е двотретински, не е закон кој се носи само со владејачкото мнозинство, туку потребни се гласови пошироко во Парламентот. Ние успеавме во изминатиот период за многу други закони да го обезбедиме тоа двотретинско мнозинство и тоа на начин на кој буквално значеше имплементација на сите препораки од ЕК и од Венецијанската комисија. И не отстапивме. Не ни беше лесно кога го сменивме Законот за судови, не ни беше лесно кога го носевме Законот за судски совет, изјави Дескоска вечерва во емисијата „Отворено“.

Според неа, најголемиот предизвик е носењето на Законот за Јавно обвинителство имајќи предвид кои се личните интереси на, како што рече, многу актери кои треба да го гласаат или да го поддржат и тоа се виде во целиот преговарачки процес. Изрази благодарност за поддршката што ја добиле од премиерот и од Владата.

Соопшти дека не отстапуваат од одредни клучни прашања и додаде оти во рамки на работната група разговарат за законски решенија, како иднината на СЈО, критериумите, судбината на постапките што се почнати, дали треба да му се даде иднина на СЈО.

Не треба да го минимизираме трудот на СЈО и обвинителство за организиран криминал. Донесена е пресуда против поранешен премиер. Се водат постапки против политички партии“, истакна министерката Дескоска во емисијата посветена на работата на Владата на РСМ во изминатите две години во делот на реформите на правосудството, и додаде дека поминаа времињата на разговори за кадровски решенија, бидејќи сега за тоа одлучува Советот на Јавни обвинители, а не политиката.

0 Коментари

Остави коментари