Десетта победа во низа за Баерн, триумф со 5-0 над Фортуна
Foto

Десетта победа во низа за Баерн, триумф со 5-0 над Фортуна

Баерн Минхен ја совлада Фортуна Дизелдорф со 5:0 синоќа во натпревар од 29-то коло на Германскиот фудбалски шампионат. Ова е десетта победа на тимот од Минхен по ред на сите натпреварувања. Две од од нив се остварени во германскиот куп и Лигата на шампионите, а останатите беа во Бундеслигата.

Вкупната гол-разлика на 10-те натпревари е 32:5.

По 29 кола, тимот на Ханс-Дитер Флик е лидер на табелата во Бундеслигата со 67 бода, десет повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд која има и натпревар помалку.

Резултати на другите вчерашни натпревари од 29. коло:

Херта – Аугсбург 2:0

Мајнц – Хофенхајм 0:1

Шалке – Вердер 0:1

Волфзбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2. 

Денеска на програмата се два натпревари:

Борусија (М) - Унион Берлин и Падерборн - Борусија (Д).

0 Коментари

Остави коментари