Десет повредени во пожарот во хотелот „Буши“ однесени во ГОБ „8 Септември“ и на Токсикологија

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди. Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје. Тие потврдија дека пожарот е локализиран.