Деркоски последен во својата група на 400 метри на олимпискиот настап
Foto

Деркоски последен во својата група на 400 метри на олимпискиот настап

Вториот македонски натпреварувач кој настапи на Олимписките игри во Токио, пливачот Филип Деркоски на последното место ги заврши квалификациите во својата група на 400 метри слободно.

Во првата квалификациска група од оваа дисциплина, во која имеше само четири пливачи, Деркоски финишираше со време 4:03.34 минути.

Ако е за утеха нашиот пливач за 76 стотинки го подобри времето со кое беше пријавен на Олимпијадата, 4:04.10 минути.

0 Коментари

Остави коментари