Депозитите растат и во услови на криза, шалтерите и експозитурите ќе останат уште долго време
Foto

Депозитите растат и во услови на криза, шалтерите и експозитурите ќе останат уште долго време

Депозитите бележат раст и во услови на пандемија, а банкарскиот сектор е ликвиден. Иако банките и штедилниците ги следат трендовите на дигитализација, уште долги години ќе има потреба од експозитурите и шалтерите. Предизвик во следниот период останува поголемата едукација на населението за финансиска писменост.

Претседателката на Македонска банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штериева на денешното одбележување на Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, посочи дека банкарскиот сектор денес е многу поразличен од оној пред 30 години и порача дека трудот на банкарските работници вложен во комуникацијата со населението, ќе биде и понатаму многу значаен.

0 Коментари

Остави коментари