ДЕПОНИЈАТА БУКОВО АКТИВНА ДЕСЕТ ДЕНА –МЕШТАНИТЕ СЕ ДАВАТ ВО СМРДЕА
Foto

ДЕПОНИЈАТА БУКОВО АКТИВНА ДЕСЕТ ДЕНА –МЕШТАНИТЕ СЕ ДАВАТ ВО СМРДЕА

Непријатна миризиба и чад од сметот на депонијата Буково веќе десетина дена ги труе жителите на околните места но и граѓаните кои минуваат низ патот Охрид – Ресен покрај депонијата. На самата локација пред десет дена избил пожар поради високите темпаратури и големите количества на смет, огнот бил изгаснет истиот ден но сега чадот ја прави најголемата штета. Освен граѓаните реагираат и од ресенскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Охридското Јавно комунално претпријатие велат се натрупува земја по цели денови но станува збор за голема површина и ќе треба време додека да  се санира целосно. Работата велат оттаму ја отежнуваат и временските услови.

Од Општина Ресен велат немаат ингеренции врз оваа депонија, но ќе реагираат со допис до соседна Општина Охрид  од каде пак уверуваат дека  за од два до три дена ќе се реши проблемот,Инаку депонијата Буково е и една од забелешките на УНЕСКО кој бара таа да биде затворена, регионот да добие една голема депонија според сите еколошки стандарди.  Токму тоа прашање според градоначалникот Георгиевски е и најтешкото кое општината треба да го реши во периодот кој следува.

 

0 Коментари

Остави коментари