Денвер избори финале на Западот, Мајами поведе со 1-0 во серијата со Бостон
Foto

Денвер избори финале на Западот, Мајами поведе со 1-0 во серијата со Бостон

Кошаркарите на Денвер нагетс ќе играат во финалето на Западната конференција откако ноќеска го победија тимот на Лос Анџелес клиперс со 104:89 во седмиот натпревар од полуфиналната серија.

Најзаслужен за триумфот на Денвер беше Џамал Мареј, кој постигна 40 поени.

Денвер кој се врати по негатива од 1-3 во победи, во финалето на Запад ќе игра со Лос Анџелес лејкерс.

Финалето веќе започна во Источната конференција од НБА плејофот. Таму, Мајами поведе со 1-0 против Бостон по синоќешната победа со 117:114 извојувана по продолжение.

0 Коментари

Остави коментари