Деновиве „летен бран“ на директорски смени
Foto

Деновиве „летен бран“ на директорски смени

Директорските смени стартуваа од Агенцијата за национална безбедност, како и затворот Шутка откако Владата пред извесен период ја констатираше оставката на сега веќе поранешен директор на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски.

На фотелјата во новоформираната Агенција за национална безбедност седнува Виктор Димовски, додека на челната позиција во истражниот затвор во Шутка ќе директорува Есад Рахиќ кој ќе седне на фотелјата. Одлуката за двајцата нови директори била донесена на вчерашната владина седница.

Виктор Димовски е дипломат со дведецениска кариера, бил на позицијата државен секретар во МНР но и амбасадор во Србија и Црна Гора, и Израел. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.

Есад Рахиќ е поранешен пратеник од редовите на СДСМ познат на јавноста по бурните реакции и закани кон новинарите, додека пак неговиот брат Сеад – Сетко Рахиќ е со криминално досие – осомничен за трговија со дрога која се продавала во Скопје и други градови. Меѓу другото, братот на новиот директор на затворот Шутка на јавноста и е познат и по нападот на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Есад Рахиќ и Виктор Димовски ќе бидат директори на челни позиции – директори но и двајцата влегуваат на испразнети места.

Првиот човек пак на Владата, Зоран Заев синоќа во дебатната емисија Отворено на ТВ 24 најави дека деновиве ќе започне со метлата која ја најави за време на изборите. Заев рече дека ќе се започне со промени на директори, министри, заменици министри, советниците и соработниците во кабинетот.

0 Коментари

Остави коментари