Денови на македонскиот јазик, институтот бара млади научници
Foto

Денови на македонскиот јазик, институтот бара млади научници

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по четврти пат ги отвори вратите за сите вљубеници и почитувачи на македонскиот јазик. Еден од горчливите проблеми со кои денес се соочува институтот од неговото основање во 1953 година е недостатокот на млад кадар.

Директорката Елена Јованова Грујовска истакна дека покрај проблемот со кадарот , на институитот му е потребна и финансиска подршка од Министерството за образование.

Интересот за изучување на македонскиот јазик кај младите, според Грујовска ќе биде зголемен со донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик , кои за жал денес се поретко се употребува во својата правилна форма, како кај новинарите и вработените во јавните служби така и кај политичарите.

За проф. др Мито Аргироски , кои оваа година прославува 85 години ,и целиот свој работен век го помина во Институтот за македонски јазик, македонскиот јазик денес претставува една голема болка за секој македонец.

Централно место во рамки на Отворените денови завзема меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“,во која учество ќе земат 60 учесници од 8 земји а на истата ќе бидат промовирани повеќе зборници.

0 Коментари

Остави коментари