Денеска нова седница на Комисија за заразни болести - Филипче во 11 часот ќе ги соопшти одлуките
Foto

Денеска нова седница на Комисија за заразни болести - Филипче во 11 часот ќе ги соопшти одлуките

Комисијата за заразни болести утринава ќе заседава.

„На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“ - рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот закажа прес-конференција денеска во 11 часот и се очекува на неа да ги соопшти одлуките донесени на седницата.

0 Коментари

Остави коментари