Денеска напладне нови цени на горивата
Foto

Денеска напладне нови цени на горивата

РКЕ денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

Комисијата за енергетика минатата недела реши горива д асе точат по цени исти како претходната недела и не ги покачи ниту ги намали цените.

Тоа значи дека возачите полнеа резервоари по вакви цени: „Евросупер БС-95“ - 69,5 денари за литар, „Евросупер БС-98“ - 71,5 денар за литар, а дизелот - 61,5 денар за литар.

Цената на Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) регулаторната комисија за енергетика ја зголеми за половина денар и со тоа новата цена беше 51,5 денар за литар.

По какви цени ќе се точи гориво во оваа недела ќе дознаеме напладне.

0 Коментари

Остави коментари