Ден на жалост во Косово поради автобуската несреќа во која загинаа 10 косовски државјани
Foto

Ден на жалост во Косово поради автобуската несреќа во која загинаа 10 косовски државјани

Денеска во косово е ден на жалост во чест на жртвите од вчерашната автобуската несреќа во Хрватска во која животот го изгубија десет луѓе.

Претседателка, Вјоса Османи,  ја прекина посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри и денеска ќе се врати во земјата. Автобусот со косовски регистарски таблички, кој сообраќаше на релацијата Франкфурт - Приштина, вчера околу шест часот наутро излета од патот и се преврте во близина на Славонски брод, при што, загинаа девет патници и еден од двајцата возачи.

Во болницата во Славонски брод се примени на лекување 44 патници, од кои 15 се потешко повредени.

0 Коментари

Остави коментари