Делта сојот го крева алармот во Европа, но и во Македонија
Foto

Делта сојот го крева алармот во Европа, но и во Македонија

Новиот Индиски сој на корона вирус, досега е детектиран во над 80 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, каде што е потврден и вториот случај. Министерот за здрвство Венко Филипче упати смирувачка порака до граѓаните дека вакцините штитат од тешки последици и дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки. 

Индискиот, или Делта сојот е многу пренослив и се смета дека е од 40 до 90 отсто позаразен од претходните соеви на ковид-19. Студиите покажуваат дека делта сојот ги напаѓа и помладите. Според истражувањата, кај овој сој и симптомите се поразлични, а најчести се главоболка, болка во грлото, течење од носот и треска, а инфицираните имаат повеќе шанси да завршат во болница со потешка клиничка слика.

Делта-варијантата на корона вирусот, го зголеми бројот на новозаболени во Британија, каде што и покрај големиот број вакцинирани, за една недела, за 79 отсто е зголемен бројот на новозаболени, додека приемот во болниците е речиси двојно зголемен. Експерти за Гардијан велат дека Британија се соочува со третиот бран на ковид-19.

Слична е состојбата и во Русија. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон повикаа на претпазливост за да се спречи ширењето на делта сојот и најавија дека ЕУ на претстојниот Самит, ќе разгледува како подобро да ги усогласи ограничувањата за патувања.

Првичните истражувања покажаа дека вакцинирањето останува најдобра заштита од делта сојот. Инаку, во земјава кон крајот на месецов се очекуваат нови 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс-механизмот и 500 илјади дози на „Синовак“.

0 Коментари

Остави коментари