Делегација на Венецијанската комисија во Тирана, анкетната комисија ја почнува истрагата за претседателот Мета
Foto

Делегација на Венецијанската комисија во Тирана, анкетната комисија ја почнува истрагата за претседателот Мета

Делегација на Венецијанската комисија в петок (6 септември) ќе допатува во Тирана за да прибере факти пред да даде мислење во врска со барањето за разрешување на претседателот Илир Мета, кого владеачкото мнозинство го обвинува за кршење на Уставот.

Делегацијата доаѓа откако по предлог на анкетната комисија на 27 јули албанскиот Законодавен дом побара од Венецијанската комисија итно мислење околу ова прашање.

Во барањето потпишано од спикерот на парламентот Грамоз Ручи, се бара одговор на осум прашања поврзани со должностите и надлежностите на претседателот на Републиката, посебно околу уставноста на одложувањето на локалните избори кои претходно ги закажа за 30 јуни.

Претходно, на 17 јуни барање потпишано од 55 пратеници од владејачкото мнозинство како и од новата парламентарна опозиција беше доставено во парламентот. по што и официјално почна постапката за разрешување на претседателот Илир Мета со формирање анкетна комисија, која испитува каде шефот на државата згрежил.

Во меѓувреме според тиранската телевизја Топ чанел анкетната комисија најавила почеток на истрагата.

-Комисијата добила одговор од страна на Централната изборна комисија, Изборниот колегиум (изборен суд) и Центарот за официјални публикаци. Одговор на 20 страници комисијата добила и од кабинетот на претседателот Мета, наведува телевизијата.

Според најавите, комисијата ќе повика повеќе, како што се наведува, сведоци,меѓу кои и шефот на државата. И покрај обидот телевизјата не добила одговор од претседателскиот кабинет дали Мета позитивно ќе одговори на поканата на анкетната комисија.

0 Коментари

Остави коментари