Дел од угостителите се огласија на социјалните мрежи: Нема да ги отпуштиме вработените
Foto

Дел од угостителите се огласија на социјалните мрежи: Нема да ги отпуштиме вработените

Најавите за отпуштање на работници во угостителството се уцена и ширење паника, вели министерот за економија Бектеши, откако угостителите вчера јавно кажаа дека дале отказ на близу 15.000 работници, а трендот на отпуштање ќе продолжи и понатаму, зашто откако ги затвори државата тврдат дека не можат да исплатат плата ниту за март и дека нема да ги користат државните мерки, зашто така дополнително ќе се задолжат.

Но министерот денеска не се согласи со нивните тврдења. Многу е јасно дека сите по нешто ќе изгубиме во оваа криза, но важно е сите да го пребродиме ова заеднички, вели Бектеши.

- Многу е јасно дека сите по нешто ќе изгубиме во оваа криза – работниците од платата, а угостителите секако од профитот. Државата исто ќе има големи загуби. Но, важно е сите да го пребродиме ова заеднички. Во угостителско-туристичкиот сектор во државата има над 30.000 вработени. Јасно е дека дел од нив постојано се во обид да работат на црно и постојано се креативни во изнаоѓање на решенија како да избегнат плаќање на давачки кон државата, а јас како министер за економија заеднички со инспекторите во целиот капацитет како и досега, но и од сега па натаму ќе продолжиме да ги санкционираме таквото работење, рече Бектеши.

Бектеши тврди и дека не се вистинити информациите што вчера ги изнесе Туристичко угостителската комора на Македонија дека тие нема да ги користат мерките за поддршка. Според министер за економија, има големиот интерес за мерките, па дражават ставила на располагање дополнителни 8 милиони евра преку Банката за развој.

Наспрема отпуштањата, поединци угостителите, пак, на социјалните мрежи соопштија дека нема да ги отпуштат вработените, па дури и бизнисот да им пропадне.

-Моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно зашто знам како е да немаш. Така што ако треба, ќе делам на пола. Моите вработени ќе имаат поддршка целосна од мене и мојата фамилија. - угостител.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои мерки за угостителите. Меѓу другото бараат да се намалат критериумите за државната помош, бидејќи вака како што се само 10% од угостителите можат да ги искористат.

-Јавните давачки кон државата, тука влегуваат ДДВ, аконтации за ДДВ, данок на добивка и други давачки, да бидат одложени до 10-ти месец 2020 година, односно до октомври месец и потоа да се наплаќаат на рати без затезни камати од страна на државата.  Режиските трошоци за угостителските објекти, трошоци за струја, вода и останатите, кои ќе доспеат за март, април и мај, да се одложат за плаќање од 10-ти месец 2020, односно да се плаќаат од месец октомври на рати. - Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во секторот угостителство во државата се регистрирани 6.000 правни субјекти, а вработени се речиси 30 илјади работници. Како превенција од корона вирусот, државата ги затвори угостителските објекти на 14 март. Според Статистика, овој сектор во јануари забележал раст од 12 насто.

0 Коментари

Остави коментари