Дел од родителите и училиштата контра теренската вакцинација на здравствените власти
Foto

Дел од родителите и училиштата контра теренската вакцинација на здравствените власти

Проблеми при теренската вакцинација против мали сипаници. Дел од родителите и директорите на училиштата не дозволиле медицинските тимови да ги вакцинираат учениците со МРП вакцина. Од здравствен дом Скопје не знаат зошто нивните тимови биле вратени во дел од училиштата, но тврдат дека се обезбедени сите услови за имунизација. Теренската вакцинација започнала од крајот на минатата недела и досега стотина деца примиле вакцина во училиште. Сепак од здравствениот дом од скопје, уверуваат дека ниту едно дете нема да прими вакцина без дозвола од родителите. Инаку комисијата за заразни болести даде препорака против морбили да се имунизраат и бебиња со наполнети 6 месеци, но во вакциналните пунктови се уште не добиле таква насока од министерството за здравство.

0 Коментари

Остави коментари