Дел од поранешните вработени во ОХИС и без плати и без здравје
Foto

Дел од поранешните вработени во ОХИС и без плати и без здравје

Освен работнички униформи и ракавици, немавме никаква друга заштита. Поранешните вработени во хемискиот гигант Охис се жалат дека се оставени сами на себе и дека ниту во минатото ниту пак сега некој води грижа за нивното здравје. После долги години работа во погоните на фабриката, денеска многумина се соочуваат со сериозни здравствени проблеми.

„Таа фабрика покрај тоа што беше хемиска фабрика беше и производител на инвалиди, каде што имаме погон за заштитна работилница на трудови инвалиди. Тоа се должи на опасните материи кои ги поседуваше таа фабрика. Се соочуваа со карцином на грлото, белодробни заболувања, тироидна жлезда, имаше од се и сешто.“

Десетиина години по затворањето на Охис, во фабриката се уште се чуваат голем број на опасни материи. Велат дека има неколку вреќи од отровниот Линдан кој требало да се исфрли на некоја од депониите, но дали дошло до тоа не можат да потврдат.

„До 1975 сите што работеле со Линдан ги нема. Сите што работеле понаката, исто како и ја што сум работел, здравствено сме веќе паднати. Ѓубриштето требаше комуунална хигиена скопје да го исфрла , но што направиле понатака ние работниците не можеме да знаеме.“

„Сум имал смени кога сум работел по 12 сати. Алиштата од хлорот од плави се правеа розеви.“ - вели Изјава Гале Петровски.

Поранешните вработени во фабриката велат дека и покрај судските решенија, тие се уште не можам да ги земат заостанатте 24 неисплатени плати но и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година.

0 Коментари

Остави коментари