Дел од матичните лекари обвинуваат за плагијат на протоколот за лекување со ивермектин
Foto

Дел од матичните лекари обвинуваат за плагијат на протоколот за лекување со ивермектин

Упатствата за лекување на КОВИД пациентите со ивермектинот се напишани од стручни лица во Клиниката за пулмологија - велат од министерството за здравство. Од клиниката за ТВ 24 потврдуваат дека стојат зад протоколите кои велат дека се правени врз база на научни студии и велат точно се знае во кои случаи и во кои дози треба да се дава лекот.

„Стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19.“ - велат од Министерство за здравство.

Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. Оваа реакција доаѓа откако дел од матичните лекари обвинија дека препораките што ги добиле од лекарската комора за лекувањето на ковид пациентите со ивермектин се препишани од текст од списание,објавен во август годинава, чиј што автор не е стручен.

„Ваков преседан да се направи да се од нестручно лице текст искористи како препорака од струлен колегиум и истиот тој преку законски наметната организација како ЛК и МЗ биде дисперзирана долекарите без да подлежи на проверка и корекција за мене е скандалозно и затоа можам со полна морална одговорност може да тврдам дека ние немаме протокол се уште. Во тој документ што е до нас пратен 70% е текст преземен од конкретниот автор и објавен во Eмитер списаниетo вo август месец само кај дозирањето е модифицирано од странски проктоколи.“ - вели д-р Ненад Лазаров – Матичен лекар. 

Од министерството за здравство велат дека до крајот на неделава Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот. 

Лекот Ивермектин пристигна вчера во аптеките. Откако матичните лекари реагираа дека немаат добиено упатства за корситење кај пациентите , лекарската комора вчера им испратила документ преку електронска пошта. 

Пред Агенцијата за лекови да го увезе, Комисијата за заштита од зартазни болести даде зелено светло лекот Ивермектин да се користи и кај нас. Сепак лекарите апелираат да не се зема на своја рака и пред употреба да се консултира лекар.

0 Коментари

Остави коментари