Дедај за ТВ24: Очекувам македонските институции да донесат правилна одлука и Морина што поскоро да се врати дома
Foto

Дедај за ТВ24: Очекувам македонските институции да донесат правилна одлука и Морина што поскоро да се врати дома

„Очекувам македонските институции да донесат правилна одлука и Томор Морина што поскоро да биде ослободен и да се врати дома“, изјави косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај, за ТВ24, по посетата на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово во притворот во Шутка. 

Повтори дека Србија нема право да бара екстрадиција на косовски државјанин, кој смета дека е невин. Морина вели се чувствувал добро и е оптимист дека наскоро ќе се врати во Косово. 

На прашањето, што ако македонскиот суд донесе одлука за екстрадиција и како тоа ќе влијае на пријателските односи меѓу двете земи, Дедај вели дека не верува дека тоа ќе се случи.

0 Коментари

Остави коментари