Децата одат во стари и руинирани градинки, надлежните велат работат на случајот
Foto

Децата одат во стари и руинирани градинки, надлежните велат работат на случајот

Распостранета на околу 1.000 метри квадратни, некогаш семејна куќа на еврејското семејство денес градинка која ја посетуваат 120 деца во две смени. Условите во градинката „Пепелашка“ отсекогаш биле незадоволителни, но сепак своевремено во истата поминале околу 27 генерации. Често запоставувана без елементарни услови како за децата така и за наставниот кадар, денес истата подлежи на реконструкција со што сегашната локална власт ветува современи услови за најмалите.

Зошто толку долго време била оставена во заборав, градоначалникот Богдановиќ вели дека тоа било тенденцијата на локалната власт која инвестирала во споменици и музеи занемарувајќи ги децата и нивниот квалитетен развој ставајќи ги приоритетите на приватните инвеститори пред потребите на граѓаните.

Внатре во градинката мирисот на влагата се уште се чувствува, со новиот зафат ќе се поставува енергетска ефикасна фасада, ќе се поставува антиалергенски под, ќе се зачува автентичноста на Старата градска архитектура а градинката ќе добие современи услови соодветни за децата од претшколска возраст.

При реконструкцијата на градинката „ Пепелашка “ ќе се потрошат 340 евра за метар квадратен, односно 350 илјади евра вкупно за целата квадратура, парите се заем од Светска банка. Објектот е стар повеќе од 120 години и истиот откако преминал во градинка подлежел на реконструкција само еднаш и тоа по земјотресот кој го погодил Скопје во 1963та година.

 

0 Коментари

Остави коментари