„ДЕЦАТА НИ СЕ ГЛАДНИ, A КУЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА НИ ПАДНЕ ВРЗ ГЛАВА“
Foto

„ДЕЦАТА НИ СЕ ГЛАДНИ, A КУЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖЕ ДА НИ ПАДНЕ ВРЗ ГЛАВА“

Делови од покривот на куќата им паѓаат во простријата кадешто спијат. Многудетното семејство Петековски од селото Драгоманце со години преживуваат во куќа која се рапаѓа и им ја загрозува нивната безбедност. Живот на ова семејство се чини дека нема ниту една човечка димензија, седум дечиња честопати заспиват гладни, без елементрани услови, немаат ниту вода, ниту струја. Велат дека не добиваат топол оброк од Ценатарот за социјални работи затоа што биле пополнети мстата. Нивната мајка која е трудна осми месец, не била ниту еднаш на преглед затоа што немале пари за превоз, најблиската амбулантата е во Куманово. Сопругот кој има 39 години вели дека се чувствува беспомошно, не може да најде постојана работа, работи се што ќе му понудат, но тоа не е доволно за да преживее ова девет члено семјство кое до сега примало соцојална помош во висина од околу три илјади денари.

Во меѓувреме додека бевме кај ова семејство стапивме во контакт и со градончалчаничката на општина Старо Нагориачне, Жаклина Јовановска, која живее неколку куќи до нив и какошто посочија, им ветила дека општината ќе им помогне. Но, бидејќи не беше во државата не можеше да ни објасни зошто до сега не преземале ништо.Телефонски се разјаснуваа и со Дејан кому му беше нејасно каде исчезнало неговото барање и што треба дополнително да поднесе. Градоначалничката по поркака не информира дека општината ќе им помогне.

- „Општината на семејството ќе му обезбеди еднократна парична помош за поправка на кровот на куќата и бесплатен приклучок на водоводната мрежа преку Јавното Комунално претрпијатије со одлука на советот на општината. Општината колку што е во можност според финансиската ситуација им помага на социјалните семејства кои ги има многу во нашата општина.“

Се обидовме да добиеме одговор и од Центарот за социјална работи во Куманово зошто ова семејството е оставено да гладува, оттаму не информираа дека барањето за народната кујна било ненавремено и дека бројот на корисници е ограничен, но дека ќе ги имаат во предвид доколку некој корисник се откаже. Од таму велат дека со новите реформи семејството ќе земе околу12.000денеари. Семејсвото Петковиски кое очекува наскоро нов член, вели дека повеќе немаат трпение, да ги чекаат инситуциите да им помогнат, нивната поткрепа во овие тешки години за нив се совесните граѓани.

0 Коментари

Остави коментари