Дебата за предизвиците на регионалната економска соработка
Foto

Дебата за предизвиците на регионалната економска соработка

„Предизвиците на регионалната економска соработка“ е темата на денешната дебата што ја организира Стопанската комора на Македонија како дел од серијата трибини со бизнис-заедницата.

На дебатата ќе учествува претседателот на Сојузот на економистите на Србија, Александар Влаховиќ, идеен творец и организатор на најзначајниот бизнис настан на Балканот – Бизнис форумот на Копаоник, познат како Балканскиот Давос.

Влаховиќ и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески ќе отворат дискусија за предизвиците на регионалната економска соработка, како неопходен предуслов за иднината на регионот на Западен Балкан како целина, но и за секоја од државите одделно, за зачетоците на Бизнис форумот на Копаоник кој прерасна во најзначајниот бизнис настан на Балканот, како и за српските искуства во спроведувањето на процесот на приватизацијата.

0 Коментари

Остави коментари