Дебата за организираниот криминал во Западен Балкан
Foto

Дебата за организираниот криминал во Западен Балкан

Граѓанското општество против организираниот криминал во Западен Балкан“ е насловот на дебатата што денеска ќе се одржи во организација на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал од Виена и онлајн магазинот Инбокс 7.

На дебатата ќе биде претставен извештајот што ги опишува жешките точки на организираниот прекуграничен криминал објавен неодамна од Глобалната иницијатива.

Покрај извештајот на дебатата ќе присуствува и ќе се обрати и Џовани Кеслер, поранешен директор на ОЛАФ до 2018 година, поранешен обвинител на Италија. Кеслер кариерата како обвинител ја почнува во Сицилија во канцеларијата на најпознатиот обвинител во светот Џовани Фалконе, убиен од мафијата во 80-тите години.

0 Коментари

Остави коментари