Дебата за квалитетот на дебатите – наместо партиски, да се почитува јавниот интерес
Foto

Дебата за квалитетот на дебатите – наместо партиски, да се почитува јавниот интерес

Медиумите се клучната карика во спроведување на дебатите кои пак се од особена важност за јавноста, но политичарите се тие кои треба да се раководат од јавниот интерес наместо од партискиот, ова се дел од ставовите на странските и домашните познавачи на дебатните формати кои деновиве се наоѓаат во Скопје по повод меѓународната конференција насловена „Најдобри практики во одржување дебати“, истата е под покровителство на NDI, ТВ24 и уште неколку регионални здруженија.

Немањето на основна политичка култура кај политичарите за време на дебатите е еден од клучните проблеми на самите политичари кои седнуваат на маса да дискутираат за важни теми од јавен интерес.

Улогата на медиумите во пренесувањето на дискусии е клучна при градење на здраво демократско општество, додека улогата на граѓаните при креирање на дебати треба да биде врвот на интересот и на медиумите и на политичарите на ваков став се странските експерти кои деновиве дискутираат за изнаоѓање на најдобри практики за дебата. 

На исто мислење се и Домашните и регионалните познавачи на дебатните формати кои сметаат дека за разлика од едноумите на неприфаќање на дебати од страна на политичарите, денес плурализмот овозможува градење на здрава дискусија но често плуралистичкиот пристап се злоупотребува, затоа според нив потребни се дебати кои ќе ги запазат основните принципи на дискусија каде политичарите ќе се водат од интересот на граѓаните.

Како домаќини на оваа меѓународна конференција насловена „ Најдобри европски практики во одржување дебати“, која што се одржува во Скопје, се НДИ, ТВ24 и уште неколку регионални здруженија.

0 Коментари

Остави коментари