Дебата за ефектите од реформата на персонален данок на доход
Foto

Дебата за ефектите од реформата на персонален данок на доход

 Дебата за ефектите од реформата на персоналниот данок на доход, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Асоцијацијата „Зенит“, со учество на претставници од. Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, експерти за даночна политика, како и претставници на граѓанското општество.

На настанот ќе се претстават резултати на спроведена анкета со граѓани, ќе се направи осврт на степенот на остварување на зацртаните цели на реформата, предизвиците што ги наметна за дел од граѓаните и деловните субјекти и ќе се посочат аспекти на даночниот модел за кои би требало да се размисли за промена, во насока на подобрување на праведноста на оданочувањето.

Дебатата е дел од проектот „Кон поправедна и поодржлива даночна политика“ е поддржан од Европската унија преку регионалната иницијатива „Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии“.

0 Коментари

Остави коментари