Дебарца против регионална депонија на територија на општината
Foto

Дебарца против регионална депонија на територија на општината

Во крајно нетранспарентен процес селото Годивје е посочено како идеална локација за изградба на регионална депонија и ниту селаните ниту општината не беа консултирани - што е крајно неприфатливо, вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески кој порачува дека додека е тој на чело на општината, регионална депонија нема да се гради на таа локација.

„Целата таа постапка во која беа носени тие докумменти за отпочнување на тој регионален интегриран систем за управување е носена во нетранспарентна постапка и сакаме дао твориме јавна дебата.“ - вели Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

На истиот став се и мештаните. И понатаму не дозволуваат на местото каде што градат црква да се гради и депонија и најчистата општина да добие загадувач.

„Не може да градат зошто народот бара сопственост.“ - изјави жител на с. Годивје.

Ногачески додава дека во регионот има доста други локации многу поприфатливи за реализација на проектот. Тој го посочува кичевскиот регион.

„Нашиот консултант кога ја изработуваше таа документација, подготви повеќе документи од кој прв документ беше тој регионален план за управување, тој е и главен базичен документ.“ - рече Ногачески.

Но и покрај противењето на Дебрчани, Владата не се откажува од проектот. На 98-та седница таа повторно го задолжи Министерството за животна средина ја продолжи постапката за информирање на општина Дебрца за позитивните ефекти од изградбата на депонијата.
Жителите кои неколкупати протестираа подготвени се да излезат пак за како што велат да ја заштитат општината.

0 Коментари

Остави коментари