Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е во стабилна состојба
Foto

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е во стабилна состојба

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, е стабилен и во свесна состојба, потврди УЕФА. Критичното веројатно помина, откако репрезентативецот на Данска колабираше на терен и му беше укажана веднаш лекарска помош.

Ффотографиите од терен го обилколија светот. Двете репрезентации се молеа за здравјето на Ериксен, а медицинскиот тим со натчовечки напори се обидуваше половина час да го реанимира.

Во информацијата на УЕФА до јавноста стои дека ќе има итен состанок на двете екипи, околу тоа веројатно и дали ќе биде доигран натпреварот. Навивачите сè уште се на трибините на стадионот „Паркен“.

Воведниот натпревар во рамки на групата Б на ЕУРО2020 беше прекинат во 40. минута кога Ериксен одеднаш колабираше на теренот, а лекарската служба веднаш почна со негова реанимација.

Додека траеше лекарската интервенција, соиграчите го опкружија телото на Ериксен за да ги спречат камерите да снимаат, но можеше да се забележи дека медицинскиот тим е во постапка на реанимација.

Данските и финските репрезентативци, како и навивачите, останаа шокирани од сцените, а на лицата на многумина можеа да се забележат и солзи.

0 Коментари

Остави коментари