Даниловски: Кај народот кај нас постои отсуство на совест и на сочувство
Foto

Даниловски: Кај народот кај нас постои отсуство на совест и на сочувство

„Стагнира бројот на хоспитализирани, претрупување на здравствениот систем не ни се заканува, но прашање е до кога тоа ќе е така. Се надевам дека од средината на декември ќе има значаен тренд на опаѓање на бројките. Народот кај нас е тој што е, постои отсуство на совест, на сочувство. Имам впечаток дека контролата на протоколите не се извршува, сведоци сме на собиранки, полни кафулиња, не може преку ноќ да се смени кај младите луѓе, долгорочен проблем. Се плашам дека тоа што следуваат славите ќе донесе нови ризици, апелирам тие чествувања да бидат со високо ниво на свест, но и црковните влати повикаа дека во црква треба да се влезе со маска. 846 умрени на 1 милиони жители е денешната бројка, но тој просек ќе се одржува сигурно до крајот на декември. Се прашуваме дали можеме нешто дополнително да сториме за тој број да се намали, и на позитивни, и на починати“ - вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари