Данило Брестовац повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација
Foto

Данило Брестовац повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација

Ракометната Федерација на Македонија денес ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, заемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.

Со него како предводник „црвено-жолтите“ на Светското првенство во Египет кое е во тек извојуваа само една победа и пет порази.

0 Коментари

Остави коментари